Водата во Скопје безбедна за пиење, покажува неделниот извештај на ЈП Водовод и канализација

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, соопштувајќи дека според сите извршени анализи, водата во главниот град е безбедна и соодветна за употреба.
Во извештајот се наведува дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 2 до 6 март 2026 година земал 184 примероци за физичко-хемиска анализа и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, од вкупно 40 мерни места во Градот Скопје.
Од добиените резултати од испитувањата утврдено е дека сите примероци одговараат на одредбите на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр. 183/18).
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека ќе продолжи континуирано да спроведува редовни контроли со цел обезбедување квалитетна и безбедна вода за пиење за граѓаните.
МИА
Ново на Сител
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
