-->
-->
Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
-->

Последните анализи направени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажале дека водата за пиење во Струга не е исправна.
- Имаше отстапување на еден од параметрите, тоа е параметарот за матност и по однос на него, согласно правилниците, во тој примерок што го анализиравме, водата не беше исправна, рече денеска на прес-конференција директорката на Институтот, Марија Андоновска.
Одговорајќи на новинарски прашања, Андоновска истакна дека испитувањата на примероците од водата во Струга биле едни од последните што ги направил деновиве Институтот, а резултатите се испратени до соодветните институциите и за ова се информирани Министерството за здравство и Агенцијата за храна и ветеринарство.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
-

Неопходно е формирање на туристичка полиција
-

Нова опрема за пожарникарите пред сезоната на пожари
