Македонија
20. April 2026 - 10:03

Водовод: Водата за пиење во Скопје одговара на правилникот за безбедност и квалитет

Примероците на водата за пиење во Скопје, земени од 14 до 17 април, одговараат на Правилникот за  безбедност и квалитет, соопшти ЈП Водовод и каналзиација-Скопје.

Секторот за санитарна контрола на јавното претпријатие испитал 151 примерок за физичко-хемиска и 151 примерок за микробиолошка анализа на водата за пиење, кои во наведениот период биле земени од 43 мерни места во Скопје.

- Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.

 

МИА