Воена парада во Вашингтон за годишнината на американската војска и 79-от роденден на Трамп

По повод прославата на роденденот на претседателот Доналд Трамп и 250-годишнината на американската армија (14 Јуни), Пентагон работи на планови за воена парада што би можела да вклучува учество на повеќе од 6.500 војници, околу 150 возила и 50 борбени авиони во Вашингтон, објавија американските медиуми, повикувајќи се на изјави од неименувани функционери.
Прославите за годишнината од основањето на американската војска, кои во воените кругови се нарекуваат родендени, се одржуваат низ САД и во американските бази низ целиот свет.
Како дел од подготовките за прославата на годишнината, американската војска долго време планираше да премести војници и воена опрема во Националниот парк Вашингтон, што се протега помеѓу Капитол и споменикот на претседателот Абрахам Линколн.Неименувани американски претставници потврдија дека плановите вклучуваат воена парада, со оглед на тоа што годишнината од војската паѓа на 79-от роденден на Трамп.
Ново на Сител
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
-

Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
