Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра

Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра, што е највисоко ниво од април 2024 година, но на долг рок таа и натаму ќе се намалува, покажува истражување на Институтот за светска економија од германскиот град Кил.
Во април 2024 година Украина доби 9,04 милијарди евра воена помош, пред САД да го прекинат финансирањето во февруари 2025 година.
Според податоците на Институтот во Кил, јунското е трето најголемо зголемување на воената помош за Украина од почетокот на руската воена интервенција во 2022 година. Зголемувањето главно се должи на новиот заем за поддршка на Украина, со кој средствата за воена помош издвоени од европските институции во мај и јуни достигнаа 4,3 милијарди евра.
Европската Унија одобри заем од вкупно 90 милијарди евра за периодот 2026-2027 година, со цел Украина да може да продолжи да ги финансира воените активности против Русија и да обезбеди функционирање на државните институции.
„Брзото одобрување на заемот испрати позитивен сигнал до украинската страна“, коментира Таро Нишикава, претставник на Институтот.
Покрај заемот од ЕУ, Германија издвои 700 милиони евра, Данска 600 милиони евра, а Холандија 500 милиони евра за поддршка на украинската армија.
Сепак, нивото на финансирање на долг рок останува пониско од она пред американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине помошта за Киев.
Пред февруари 2025 година државите во просек издвојувале 3,46 милијарди евра воена помош за Украина, додека од тогаш просекот се намалил на 2,94 милијарди евра.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
