Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
Инспекторатот за употреба на јазиците денеска влезе во министерството за правда да врши вонреден инспекциски надзор за тоа како се полага правосудниот испит. Иако инспекторатот е под министерството за правда, тие денеска го проверуваа системот одвнатре, бараа документи и објаснување како се одвива постапката за полагање на испитот, која низ годините никогаш не е променета и тој се полага само на македонски јазик.
Денешниот надзор е прв од ваков вид во министерството.
Инспекторите за Сител велат дека вонредната контрола следува по неколку поднесени иницијативи и петиција од студенти.
Инспекторите велат ќе барале неправилности, но дали тие неправилности ќе ги бараат во документи или предмети, конкретен одговор не знаеа да дадат.
Министерот за правда, Игор Филков вели дека не знаат дали и воопшто е законски вонредниот надзор, со оглед на тоа што инспекторите се повикуваат на анонимни иницијативи кои во минситерството воопшто и не пристигнале. Потеницира да не се злоупотребуваат инсититуциите и да се почитува Уставот, а со тоа и полагањето правосуден на македонски јазик кој е клучен предустлов за работа во правосудниот систем.
Во изминативе пет години имало 881 кандидат за полагање на правосудсниот испит, од кои 232 биле од албанска националност.
Владата во моментов ги разгледува можностите како законски да се регулира полагањето на правосуден испит и на албански јазик, но и дали ќе биде тоа возможно, со оглед на тоа што моментално законот не дозволува испитот да се полага на друг јазик освен македонски.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
