Вонредна ситуацијата во САД, прекинати сите полетување на авиони

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) нареди прекин на сите домашни летови поради „итни и безбедносни проблеми“ откако претходно беа пријавени сериозни проблеми со комуникациите за контрола на воздушниот сообраќај, пренесоа американските медиуми.
Ова значи дека авионите што веќе се во воздух можат да слетуваат, но на оние на земја не им е дозволено да полетаат.
Федералната администрација за воздухопловство (FAA) презентираше уште некои информации за причината за прекинот на воздушниот сообраќај, објави Скај њуз. Оттаму наведуваат дека причината е „привремен прекин на телекомуникациските врски“. FAA додава дека дејствувале „крајно претпазливо“ и дека бил опфатен секој поединечен лет.
Непосредно пред објавата, FAA го прекина воздушниот сообраќај во областа на Чикаго поради проблеми со комуникациите со контролните центри. Агенцијата соопшти дека заминувањата се прекинати „до понатамошно известување“.
Меѓународните летови ќе се разгледуваат од случај до случај.
Во меѓувреме, американскиот секретар за внатрешна безбедност, Марквејн Малин, им рече на новинарите во Белата куќа дека нема индикации дека ова е напад врз САД.
- Станува збор за прекин на телекомуникациските услуги. Сите летови се надгледувани. Нема причина да се грижите за вашите најблиски - рече тој. Тој додаде дека „сите се безбедни“ и дека „ова не е уште еден 11 септември“.
Денешниот инцидент е второто национално прекинување на сите летови во САД по нападите на 11 септември 2001 година.
Другиот сличен инцидент беше во јануари 2023 година, кога FAA ги прекина сите домашни летови за помалку од два часа. Минатата година, Конгресот одобри 12,5 милијарди долари за модернизација на застарениот комуникациски систем на ФАА, а денес агенцијата и Белата куќа побараа од Конгресот дополнителни 30,1 милијарди долари за решавање на други проблеми во системот.
МИА
Ново на Сител
-

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД
-

Полска одбележува 108 години од независноста
-

Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија
-

Продолжува големата еко-акција за чистење на Скопје
-

Американските акции паѓаат поради раст на инфлација, цените на нафтата се намалуваат
-

Бројот потврдени случаи на ебола во Конго надмина 11 илјади, досега починати 5.387 лица
-

Променливо облачно со повремени сончеви периоди
