-->
-->
Вооружен маж е убиен откако со возило влетал во синагога во Вест Блумфилд, во околината на Детроит
-->

Полицијата на државата Мичиген денеска извести за инцидент со пукање во синагогата Темпл Израел, во Вест Блумфилд, Мичиген, а таа се наоѓа на местото на настанот.
Американските медиуми дознаваат дека маж вооружен со пушка влетал со возило во најголемата реформска синагога во САД, во предградието на Детроит, и дека обезбедувањето го убило.
Возилото се запали кога влета во синагогата Темпл Израел во Вест Блумфилд, рече лице запознаено со случајот кое не сакаше да биде именувано.
Истражителите сè уште работат на идентификување на напаѓачот и утврдување на можниот мотив за нападот. Извори наведуваат дека дека истрагата е сè уште во рана фаза.
Обезбедувањето во синагога во близина на Детроит разменило оган со најмалку едно лице денеска, рече шерифот.
Локалната телевизија објави дека камионот влетал во синагогата Темпл Израел во Вест Блумфилд.
Телевизиските снимки покажуваат чад како се крева од покривот на синагогата. Снимките од местото на настанот покажуваат десетици полициски возила околу зградата.
Шерифот на округот Оукленд, Мајк Бушар, на прес-конференција потврди дека обезбедувањето на синагогата разменило оган со најмалку едно лице и дека никој не е притворен.
„Во моментов не знаеме за повредени лица, освен можеби напаѓачот“, изјави шерифот Бушар за Си-Ен-Ен.
Директорот на Федералното истражно биро на САД (ФБИ), Кеш Пател, изјави дека агентите се на местото на инцидентот и дека се чини дека станува збор за сообраќајна несреќа со возило и активен стрелец со оружје во близина на синагогата.
Канцеларијата на шерифот на округот соопшти дека властите ја евакуираат зградата. Десетици родители побрзаа да ги извлечат своите деца од образовниот центар во зградата откако полицијата им даде дозвола за тоа.
Училиштата во Вест Блумфилд беа блокирани.
Гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, изјави дека ги следи случувањата и рече дека еврејската заедница треба да може да живее и да ја практикува својата вера во мир.
Еврејските организации низ САД работат под засилени безбедносни мерки откако САД и Израел започнаа воена операција против Иран на 28 февруари, што ја предизвика и интензивираше војната на Блискиот Исток.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вработен во комунална хигиена натепал вработен во внатрешна контрола
-

ЈСП демантира дека автобуската линија 35 е укината
-

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран и ДПИ постапува, вели Јаневска
-

Финансова поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми за злоупотреба на договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми
-

Николоски: Решението за транспортерите се движи во насока на издавање долгорочни работни визи
-

Се претставил како директор на компанија што тргува со крипто валути, 32-годишник измамен за 340.000 денари
-

Мерц: Германија не е дел од војната со Иран
-

Мицкоски најави поевтинување на нафтените деривати за околу 2,5 денари во текот на денот
