Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино

Со 1,81 промили алкохол во крвта возел во Неготино, доцна синоќа бил приведен жител на неготинското село Криволак, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Синоќа во 23:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишија од слобода Р.А., на возраст од 41 година од село Криволак, неготинско. При сообраќајна контрола на булеварот „Маршал Тито“ во градот е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол. Измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР - Велес.
Оттаму додадоа дека по целосно документирање на случајот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
МИА
Ново на Сител
-

Утринска магла, а потоа повремен дожд и снег
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
