Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови | ФОТО

Воздухопловниот ВИНГ денеска го одбележа 10 Јуни – Денот на единицата со свечена воена церемонија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, при што одбележувањето беше збогатено со прелети на хеликоптери од составот на Армијата како и со прелет на авиони Ф-16 од Военото воздухопловство на Грција и „Eurofighter Typhoon“ од Италија.
Денот на единицата симболично се поврзува со првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и претставува институционален белег на военото воздухопловство.

Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, им го честита празникот на припадниците на единицата, истакнувајќи дека Воздухопловниот ВИНГ претставува клучен капацитет на Армијата.
-Благодарение на вашата посветеност, воздухопловниот ВИНГ денес претставува клучен капацитет на Армијата и исклучително значаен чинител во системот на националната и колективната безбедност- истакна Ѓоргоски, додавајќи дека следува модернизација и опремување со современи борбени системи.
Командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Драган Павловски, нагласи дека единицата останува посветена на унапредување на своите способности, исполнување на националните и сојузничките обврски и развој на персоналот.
Во рамки на свеченоста беа доделени признанија и стимулативни мерки на припадниците кои се издвоиле со својата работа и професионализам.

На настанот беше извршено и церемонијално предавање на првото борбено знаме на Баталјонот за воздушно набљудување и јавување, при што началникот на Генералштабот Лафчиски му го врачи знамето на командантот на баталјонот, оценувајќи го чинот како симбол на доверба и одговорност.
Дополнително, одбранбеното аташе на САД, полковник Даниел Сквајерс, му врачи признание на командантот Павловски, доделено од Военото воздухопловство на САД.
Во пресрет на одбележувањето на Денот на единицата беа реализирани и повеќе спортски, хуманитарни и комеморативни активности, вклучително крводарителска акција, спортски натпревари и оддавање почит на загинатите припадници на единицата.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските ракометари во група со силни противници на Светското 2027
-

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
-

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
-

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
