Вработени во ЈСП фатени како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров – ќе бидат отстранети од работа

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Според неговите информации, случајот бил откриен синоќа од страна на внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата.
„Вечерва, внатрешната контрола на ЈСП затекна вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров. Веднаш е повикана полицијата“, соопшти Ѓорѓиевски.
Градоначалникот најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а очекува и Јавното обвинителство да отвори постапка за случајот.

„Вработените ќе бидат отстранети од работа, а очекувам Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот“, истакна тој.
Ѓорѓиевски оцени дека ваквите случаи покажуваат како со години бил уништуван градот, нагласувајќи дека горивото наменето за автобусите на јавниот превоз се набавува со пари на граѓаните.
„Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, порача градоначалникот.
Тој нагласи дека нема да има толеранција за злоупотреба на јавните средства и дека секој за кого ќе се утврди одговорност ќе биде санкциониран, без исклучок.
Ново на Сител
-

Неготинец си го натепал малолетниот син со метален предмет
-

Отстрането државно знаме во Гостивар, полицијата истражува
-

Приведени лица за повеќе случаи на семејно насилство, закани и злоупотреба во семејството
-

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе
-

Два авиона на „Американ ерлајнс“ се судрија пред полетување во Вашингтон, нема повредени
-

Приведен насилникот кој ја претепал сопругата во Гостиварско
-

Облачно со повремени врнежи од дожд, кон крајот на денот со снег, следната недела со теператури до - 18 степени
-

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и блиската околина
