Вработените во РТС им се обратија на студентите и ги повикаа колегите да излезат надвор

Новинарката на Радио Белград, Милена Божовиќ денеска им се обрати на студентите пред зградата на Радио телевизија Србија (РТС) во Белград, но и на нејзините колеги кои ги покани да излезат и да им се придружат, јави Бета.
Група вработени во РТС, членови на неформалната група „Наш протест“ се собраа пред зградата на јавниот сервис, која од синоќа е блокирана од студенти.
„Ние сме вработени во РТС и тука сме да ја браниме честа и угледот на нашата куќа и нашата професија. Од првиот ден ги поддржуваме студентите во нивните барања. Ги покануваме сите наши колеги да ни се придружат овде. Ако мораа да влезат преку скали и тајни премини, нека дојдат овде кај нас и барем нека излезат како луѓе“, им порача Божовиќ на колегите.
Студентите и граѓаните кои ја блокираа РТС одговорија со извици „излезете надвор“ и „исполнете ги барањата“.
Од синоќа блокирани се сите три официјални влеза во зградата на РТС. Вработените, сепак, дошле на работа влегувајќи низ ходникот и прозорецот од подрумот од кој биле исечени решетките за да се овозможи влез.
Ново на Сител
-

Виткоф ги нарече мировните преговори за Украина „продуктивни и конструктивни“
-

Седница на Економско-социјалниот совет
-

Орбан: ЕУ воведе санкции за да ја „скрши“ Русија, наместо тоа ја скрши Европа
-

Руте: Главната цел на безбедносните гаранции е Украина никогаш повеќе да не биде жртва на напад
-

Без струја дел од општина Кисела Вода
-

Променливо облачно со магла во котлините, од утре дожд и постудено
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
