„Вратете ги без страв од осуда“ – Украдена Пресветата Причест од католичка црква на Бит-пазар

Во текот на ноќта меѓу 24 и 25 ноември, од католичката црква „Свети Јосиф“ на Бит-пазар во Скопје била украдена дарохранителницата во која се чува Пресветата Причест, односно осветени хостии, соопшти Скопската бискупија.
Случајот е пријавен кај надлежните институции, а полицијата спроведува истрага за расветлување на кражбата.
Од Скопската бискупија истакнуваат дека Пресветата Причест за Католичката црква претставува најсвет дар и средиште на нејзиниот литургиски и духовен живот, поради што нивната најголема грижа во моментов е осветените хостии да бидат пронајдени и достоинствено вратени.
„Упатуваме искрен апел до лицето или лицата кај кои се наоѓа дарохранителницата, а особено Пресветата Причест, да овозможат нејзино враќање што е можно поскоро“, се наведува во соопштението.
Од Бискупијата нагласуваат дека секој што ги поседува осветените хостии може да ги врати без страв од осуда од страна на Црквата, бидејќи најважно е тие да бидат вратени со должна почит.
Воедно, се повикуваат сите граѓани кои имаат какви било информации за кражбата или за местото каде што се наоѓаат украдените предмети да се обратат до надлежните органи.
Скопската бискупија ги повика и верниците да се обединат во молитва за пронаоѓање и враќање на Пресветата Причест, како и за покајание и помирување.
„Нека овој немил настан биде и повик до сите нас за уште поголема почит кон она што е свето“, порачуваат од Скопската бискупија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Ученик со пушка рани две лица во училиште во Крагуевац
-

Партиски консензус за борба против насилството
-

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески
-

Секој втор возрасен Македонец пуши цигари
-

Катастар очекува стабилизација на станбените цени
-

МОН ќе продолжи да исплаќа по 140 денари на студентите, додека не се одлучат дали го прифаќаат новото софтверско решение
-

Може ли најсиромашните да бидат поштедени од поскапувањето на струјата и парното?
