Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
Вреди ќе има унифициран став и конректен предлог за промена на изборниот модел, најавува вицепремиерот Меџити кој е и еден од лидерите на албанскиот партнер во Владата. Одлуката за тоа дали е прифатлива една изборна единица како што предлагаат помалите партии треба да биде соопштена најдоцна до утре.
- „Имајте предвид дека во Вреди има четири-пет политички субјекти, во минатото имаше различни размислувања, но како и да е, ќе имаме унифициран став деновиве“
Меџити тврди дека по потресите со Таравари и неколку месеци пред локланите избори владината коалиција е стабилна, па најави и зголемување на мнозинство. Не исклучи дури ни преговори со Мендух Тачи, кој сега е во коалиција со ДУИ.
- „Има најави и се зголемува мнозинството, работиме на тоа. Ќе бидете известени, но во принцип се разговара со пратениците од Европскиот фронт, информира Меџити.
Додека најголемиот владин партнер се уште тактизира, помалите партнери на ВМРО-ДПМНЕ пак, застануваат зад предлогот за една изборна единица или пак, за изборен модел со загарантирани места за помалите ентички заедници. Шабан Салиу, од Демократските сили на Ромите потврдува дека таков изборен модел ќе им донесе на оваа етничка заедница дури тројца пратеници, наместо ниеден како сега.
-За ДСР изборниот модел со една изборна едниница конечно е можност како претставници на ромската заедница да се бориме-натпреваруваме сами како Роми за свои претставници и застапеност во Собранието на Република Македонија како пратеници.
Салиу најави и дека коалицијата со Мицкоски од централно ниво ќе продолжи и за локалните избори.
Идејата за една изборна единица пред секои избори ја иницираат Демократски Сојуз и Либерал-демократската партија, но засега тоа не дава резултат. По последната нивна најава за измени во Изборниот законик, најголемата парламентарна партија ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората. И во опозициската СДСМ се подготвени да се разговара за идејата, но условуваат измената да се направи со општ политички консензус.
Генерално против идејата досега беа албанските партии. Тие зависно од тоа дали се во власт или опозција досега предлагаа од три до осум изборни едници, наместо сегашниот изборен модел со шест изборни единици.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар