Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“

Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци со која беа зголемени казните на дел од обвинетите и предметот го врати на повторно постапување и одлучување.
Како што соопшти Врховниот суд, Советот за казниви дела на седницата одржана на 9 септември одлучувал по предметот КВП2-86/25, во јавноста познат како предметот за автобуската несреќа кај селото Ласкарци.
-Со донесената пресуда во предметот КВП2-86/25, барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители се уважуваат, пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-979/24 од 17.04.2025 година се укинува и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување - стои во соопштението од Врховен суд.
Станува збор за пресудата со која Апелациониот суд во мај 2025 година ги зголеми казните за дел од обвинетите во случајот. На сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, и на одговорниот за транспорт во компанијата, Ремзи Мифтари, казните им беа зголемени од шест на по 10 години затвор, додека на вработените во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски од пет на по седум години. Казните за Јане Боваровски и возачот на автобусот Маноил Трифуновски останаа пет, односно 14 години затвор.
Во првостепената пресуда, донесена во јануари 2024 година, шестмината обвинети беа прогласени за виновни за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Трагедијата кај Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година, кога автобус на „Дурмо турс“ излета од автопатот Скопје-Тетово. Во несреќата животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени.
МИА
Ново на Сител
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
-

Подвиг за восхит: 11-годишниот Давид и 12-годишната Анастасија освоија три алпски врва над 4.000 метри
-

Oсум тони марихуана недостигаат во фирма за одгледување медицински канабис во струмичко
-

Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу
-

135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол запленети на зелениот пазар во Чаир
-

Трамп изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски
-

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - продолжува најголемата еко-акција досега
