Врховниот суд на САД го отфрли барањето на демократите од Вирџинија за прераспределба на изборните единици

Врховниот суд на САД вчера го отфрли итното барање од демократите во Вирџинија кои бараа на среднорочните избори во ноември да се употребат ново нацртаните конгресни изборни единици, со што им помогна на републиканците полесно да ги дочекаат среднорочните избори во ноември каде ќе се обидат да го одбранат тесното мнозинство во Конгресот, јави ДПА.
Новата изборна мапа можеше да им помогне на демократите да префрлат четири места што ги држеа републиканците во Претставничкиот дом во оваа источна сојузна држава.
Гласачите на Вирџинија на референдумот во април го одобрија планот за прераспределба на изборните единици, но државниот суд на Вирџинија го поништи гласањето на помалку од 24 часа по изјаснувањето.
Судијата пресуди дека формулацијата на гласачкото ливче била „јасно погрешна“ и дека предлогот им бил презентиран на гласачите порано од дозволеното според Уставот на Вирџинија. Судот оцени дека затоа сите гласови дадени на референдумот се неважечки и ја забрани прераспределбата на конгресните изборни единици на државата.
Подоцнежните обиди на демократите да ја поништат пресудата во повисоките судови не успеаја.
Одлуката на Врховниот суд претставува победа за републиканците додека тие се обидуваат да ја одржат својата слаба контрола врз Конгресот на среднорочните избори во ноември.
Напори за прекројување на изборните единици во корист на една од двете главни партии се во тек и во неколку други американски држави, појаснува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
