Врски и љубов: Како се „саботираме“ себеси?
Тука спаѓаат: страв, проблеми со довербата, високи очекувања, ниска самодоверба и несоодветни вештини за врската. За да избегне тој/таа да биде повредениот во врската, личноста користи различни потези, вклучувајќи повлекување, одбранбеност и напад на својот партнер/-ка.
Стратегиите за одржување романтични врски вклучуваат доверба, отворена комуникација, посветеност, создавање безбедност и меѓусебно прифаќање.
Податоците за трудот се собрани преку интернет-анкета. Користен е меѓународен примерок од 696 лица со искуство со врски. Претставени се најмалку 50 земји, при што 47 отсто од луѓето се од Австралија (претежно студенти). Просечната возраст на испитаните е 31 година (опсег - 15 до 80 години); 75 насто се жени; 80 насто хетеросексуалци; 62 отсто од испитаниците биле или се во романтична врска.
Истражувањето објавено во американскиот „Журнал“ за парови, врски и терапија (Journal of Couple & Relationship Therapy) ги дискутира причините зошто луѓето ја саботираат љубовта.
Можеби ќе ве интересира: Зошто е тешко да се пронајде љубов
Поимот самосаботажа се однесува на употребата на самодеструктивно однесување во романтичните врски со цел „спречување на успех или повлекување на напорот и оправдување на неуспехот“, се наведува. Учесниците наведоа пет причини зошто ги саботираат своите романтични врски.
Страв: Како што постои страв од повредени чувства (на пр. скршено срце, отфрлање или напуштање), исто така, има и страв од посветеност, предавство, интимност, неуспех и осаменост.
Ниска самодоверба или негативна слика за себе (на пр. чувство на инфериорност).
Проблеми со довербата: Тие понекогаш се предизвикани од предавство во минатото.
Високи очекувања: Поврзани со перфекционистички стремежи и верувања за судбината (на пр. фантазии за бајки, принцови, принцези и совршен живот).
Несоодветни вештини за врски: Незрелост, неискуство итн.
Испитаниците, во голем број случаи, изјавиле дека се вклучуваат во разни деструктивни однесувања за да се заштитат себеси.
Повлекувањето од партнерот означува трајно или привремено одржување физичка и / или емоционална дистанца, којашто се нарекува „затворање“ или „отфрлање“. Оваа „тактика“ се користи како реакција на чувство на преоптовареност, во очекување другиот да го стори истото или со намера да се принуди на некој потег (на пр., другиот да го спомне и поттикне раскинувањето).
Емоционална дистанца: Прикривањето или неискажувањето емоции, т.е. емоционално „држење настрана“ како начин за бегство од чувствата, се употребува против подеструктивни техники, како што се пиење алкохол, зависност од дрога или самоповредување.
Повлекување од напори: Прекинување на напорите за успех, развој и изградба на врската поради чувството дека тој напор не е ценет или само ќе доведе до натамошни судири.
Чувство на неправда: Толкувањето на критиката како вина предизвикува чувство на жртва. Понекогаш одбранбеноста е резултат на претходни критики, а во други примери од испитувањето имала за цел да спречи болка којашто би можела да следи.
Лажењето на партнерот или кон себеси - за своите мисли, чувства или статусот на врска (на пр.: „Сè е в ред“), се прави од причини поврзани со финансиска сигурност, страв од тоа како би можел да се однесува другиот, безбедноста на децата и така натаму.
Барање на приврзаност: Голем број поединци-испитаници изјавиле дека се држат цврсто за врските, но и во барањето партнер очајно бараат емоционална поврзаност и бараат одговори; односно се обидуваат да му угодат на партнерот (барајќи одобрување и вреднување по цена на криење и занемарување на сопствените потреби) и се вклучуваат во „ценкање“, а потоа и - молење и ветување дека ќе направат сè за да го задржат партнерот/врската.
Напад кон партнерот: Некои луѓе постојано ги критикуваат или обвинуваат своите партнери - го прават тоа за да се заштитат себеси или да ја одржат надмоќта во врската.
Стратегија на „бркање и повлекување“ се однесува на однесувањето „топло-ладно“ - кога партнерот-ката е во неволја - другиот се повлекува, но кога партнерот се повлекува, другиот оди по него/неа).
Увид во самосаботажата: Само дел од учесниците успешно ги идентификувале и согледале своите уништувачки навики. Тие го опишуваат тоа и како загрозеност од своите сегашни врски - на пр. не знаат како да раскинат, се чувствуваат заробени, очекуваат отфрлање, се плашат од напуштање, склони се на саможртва, привлечени се кон несоодветни партнери, но и многу други одлики на чувството на несигурност.
Ново на Сител
-
Агресивно се однесувал кон полициски службеници, приведен 50-годишник
-
СВР Велес попладнево со нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Приведен 47-годишник, при претрес пронајдени стебла канабис | ФОТО
-
Почина холивудската икона Роберт Редфорд
-
МЖСПП: Општините да ги идентификуваат сите диви депонии, да спроведат детални контроли
-
Мицкоски очекува позитивен исход од фудбалскиот натпревар Македонија-Белгија и пласман на Светско
-
Мицкоски: Итно да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам
-
Јаневска: Околу 1800 ученици од Трубарево непречено следат онлајн настава