Македонија
10. May 2022 - 16:33

Врсничкото насилство, било физичко, било психичко се поприсутно во скопските средни училишта

Дури една третина од скопските средношколци биле жртва на врсничко насилство изминатата година а една четвртина доживеале говор на омраза на социјалните мрежи. Булингот стана секојдневие во образоввните установи во Скопје покажува последното истражување на Институтот за човекови права. Само во гимназијата Никола Карев, психологот овие 4 месеци имала дури 5 случаи на помирување меѓу кои и средношколец кој бил изолиран и отфрлен од повеќе паралелки во училиштето. Тепачките не се заборавени, но сега според експертите доминираат психолошкото, вербалното и електронското насилство.

-Знаете децата трпат и ова остава големи псоледици врз нив. Занете, кај нас се уште фигуративно одиме по онаа старара око за око заб за заб и ако не можеме око за око, тогаш детето трпи и чува собира во себе, но мора да се науи и да се дејствува тоа да го сподели и пријави ,вели Гордана Блажевска – Спиридонова психолог во средно училиште Никола Карев.  

И учениците и наставниците се согласни во одговорите дека говорот на омраза најмногу е присутен на социјалните мрежи. Но истражувањето покажува дека децата тешко зборуваат за личното искуство како жртви.

-Децата знаат да бида тневеројатно јаки во навредувањето, а од другата страна децата кои се навредувани и дискриминирани немаат големи можности за одбрана. Нивната единствена одбрана е тоа да го пријават, а прашање е каде ќе поријават и кој во моментот ќе реагира, вели Маргарита Цаца Николовска – претседателка на Институтот за човекови права.

Препораките на Институтот за човекови права се неодложно донесување на подзаконските и законски рамки во образованието поврзани со булингот, зајакнување на капациететите на наставниот кадар и стручните служби за препознавање на насилството и мотивирање на децата да пријавуваат кога ќе бидат изложени на дискриминација или говор на омраза.