Втор ден од Регионалната министерска конференција за демографските предизвици

Во Скопје денеска продолжува Регионалната министерска конференција „Предводење на промените:„Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА.
Вториот ден од Регионалната конференција ќе започне со обраќања на претседателот на Собранието Африм Гаши и Помошник генерален секретар и заменик-извршен директор (Програма) в.д, УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации Пио Смит.
Првата панел дискусија е посветена на Реформите на политиките и системите за адресирање на демографските промени: примери од светот на која говорници се министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заменик-министерот за здравство и социјална заштита на населението на Таџикистан Зулфиа Абдусамацода, државниот секретар во Министерството за семејна благосостојба и демографија на Србија Лазар Петровиќ, регионалниот постојан претставник на ММФ - Регионална канцеларија за Западен Балкан Себастиан Соса, програмскиот менаџер од HelpAge International, Виетнам Виет Нга Чу, и регионалниот советник за демографска отпорност и политики од Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Фабио Лоса.
Втората панел дискусија е посветена на Политики за зајакнување на луѓето а говорници се државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска, секретарот во Министерството за социјална благосостојба, семејна грижа и демографија на Црна Гора Едмир Калач, вонредниот професор, директорка на лабораторијата за семејства и генерации, Универзитет Кардинал Стефан Вишински и Економско училиште во Варшава, Полска Моника Минарска, Јосипа Матошевиќ од IMACO Systemtechnik, Оддел за човечки ресурси, Босна и Херцеговина, шефот на Одделот за население, УНЕЦЕ Лиса Варт.
Третиот панел е посветен на Политики за поддршка на луѓето во транзиција, а на оваа тема ќе зборуваат амбасадорот и претседател на Советот на ЦОР на БиХ Милош Прица, раководителот на сектор од Министерство за економија и финансии, Узбекистан Шохјахон Јусупов, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов, директорот на Унијата на работодавачи на Република Српска Саша Ачич, координаторот за население и развој, УНФПА Турција Ајсел Јиксел.
Завршни зборови на конференцијата ќе имаат регионалната директорка на УНФПА, Фонд за население на Обединетите нации за Источна Европа и Централна Азија Флоренс Бауер и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.
Конференцијата ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, а се обратија и министрите за социјална политика, демографија и млади и за надворешни работи и надворешна трговија, Фатмир Лимани и Тимчо Муцунски, како и Пио Смит, помошник-генерален секретар и заменик-извршен директор во УНФПА, и Ален Берсе, генерален секретар на Советот на Европа.
МИА
Ново на Сител
-

Камионџиите повторно на протест - 30 отсто од капацитетите веќе не сообраќаат редовно
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
