Македонија
25. July 2025 - 16:39

Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско

И денеска ниту трaгa во навидум мирните води на Вардар, кои вчера повлекоа 16-годишно девојче. Нуркачите на најтоплиот ден од годинатa, повеќе од 18 часа неуморно го пребаруваат теренот околу селото Уланци, Градско. Најблиското семејство покрај реката тивко чека каква било вест за нивното девојче. 16 часот е моментот кога се случила несреќата. Во Вардар се капеле 29-годишна скопјанка и 16-годишното девојче по кое сега се трага.

Настанот во полицискиот билтен е пријавен во 16.30 часот. Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Велес во координација со САЕ Тигар, Единицата за специјални намени Волци на Армијата, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица и кајакари од кајакарски клуб од Велес започнале потрага за пронаоѓање на девојчето, која беше прекината во 20.50 часот и продолжи денеска.

Жителите на Градско и околината велат дека вакви инциденти не паметат. Но и дека во реката никој не се капе бидејќи Вардар е загаден. Потрагата продолжува.