Loading Video...
Фудбал
9. April 2018 - 17:24

Втор гол на Доријан Бабунски во Јапонија

Младинскиот репрезентативец на Македонија Доријан Бабунски кој по стапките на својот постар брат Давид се пресели во Јапонија во втората лига на земјата на изгрејсонцето, го постигна и својот втор погодок во првенството со што неговата екипа Мачида останува непоразена во првенството со 4 победи и 4 нерешени средби. 

Мачида одигра 2-2 со Кумамото а голот на Доријан Бабунски дојде буквално во последните секунди за голема радост на фановите на клубот.