Втора шампионска победа на Еурофарм Пелистер, совладан ПИК Сегед со 25:24

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја оствари втората победа во европската Лига на шампионите совладувајќи го унгарски ПИК Сегед со 25:24 (11:8).
Вечерашниот успех на битолчани беше најавен во првото полувреме кога пелистерци во првите десет минути од средбата поведоа со 5:0, а предност од пет голови разлика имаа и во 23 минута кога на семафорот пишуваше 10:5. Гостите во првиот дел игра под своите можности и реномето со кое дојдоа во Битола, и во првиот дел успеаја да ја намалат негативата на 11:8.
Вториот дел од средбата почна непосакувано за домашниот тим, гостите во 36 минута израмнија на 12:12, а во 43 минута поведоа со 13:14. Но благодарение на над 3.500 навивачки грла, како што по средбата изјави Жарко Пешевски, најефикасен ракометар во домашниот тим со 7 постигнати голови, битолчани успеаја да го контролираат резултатот и да поведат со 22:20 на шест минути до крајот на мечот.
Во финишот, благодарение на вештите одбрани на Николче Митревски и со голема желба за победа, Еурофарм Пелистер успеа да го совлада „големиот на хартија“ ПИК Сегед со 25:24.
Со втората победа во европската Лига на шампионите, битолчани го подобрија бодовното салдо и ги зголемија амбициите за прогрес во групата во која вечерва ПСЖ го совлада ГОГ Гудме со 31:28, додека Магдебург беше подобар од Загреб со 27:22.
МИА
Ново на Сител
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
