Вучиќ најави штрајк со глад: „Ќе им забранам на лекарите да ми пружат помош, нема враќање назад“

Поранешниот претседател на Србија и актуелен шеф на пратеничката група „Србија победува“, Александар Вучиќ, најави дека размислува да започне штрајк со глад како форма на протест против новата власт во Србија, истакнувајќи дека доколку се одлучи на таков чекор, нема да прифати никаква медицинска помош.
Во гостување на телевизијата „Информер“, Вучиќ изјави дека е прашање на време кога ќе започне со штрајкот и дека неговата одлука ќе биде конечна.
„Нема да земам терапија, нема да земам ништо. Прашање на момент е кога ќе започнам штрајк со глад. Кога ќе го направам тоа, нема враќање назад. Писмено ќе им забранам на лекарите да ми пружат каква било помош. Ќе бидам целосно одлучен“, изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека ваквиот потег би претставувал негова лична борба против актуелната власт, за која тврди дека се обидува политички да го замолчи и да ги отстрани своите противници.
Вучиќ посебно се осврна на апсењето на сопственикот и главен уредник на телевизијата „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, оценувајќи дека станува збор за политички прогон.
„Знам дека немаат за што да ме уапсат. Никогаш не сум земал пари, никогаш не сум земал ниту дневница“, рече Вучиќ.
Тој порача дека нема начин политичките противници да го замолчат или победат и дека ќе продолжи да се бори против нив.
Ново на Сител
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
-

Штип ги награди своите најуспешни сограѓани
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
