Вучиќ најавува дека во следните 3-4 дена, двапати ќе се сретне со Трамп
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека во следните три, четири дена ќе се сретне двапати со претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Ќе се сретнам двапати во различни пригоди во следните четири дена. Не држете ме за збор бидејќи ги помешав датумите и различните временски зони“, рече Вучиќ за време на обиколката на работите во новата детска клиника.
Тој, исто така, најави дека очекува италијанската премиерка Џорџа Мелони да го посети Белград во август или септември, за која рече дека е, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, една од најмоќните жени во светот.
Претседателот Вучиќ синоќа, по повод споменувањето на нов 5. октомври, изјави дека има голема нервоза во редовите на опозицијата, бидејќи тие добиле истражувања и знаат дека паѓаат и се во лоша состојба, како и дека нервозата води кон понатамошна радикализација.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани