Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер

За три, четири месеци, можеби и порано ќе поднесам оставка. Тоа попладнево за Радио Белград го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека на 27 јуни ќе биде претставена листата на владејачката СНС за претстојните парламентарни избори.
Зборувајќи за потенцијалните датуми за одржување вонредни избори, тој рече дека „тоа нема да биде изненадување за никого“ и дека нема да каже „дека го скратува својот мандат, туку дека поднесува оставка“.
„Почнав да ги пакувам книгите од Претседателството. Ќе донирам 1.200 што ги добив за време на мојот мандат на некоја институција, се уште размислувам која“, рече Вучиќ.
Тој додаде и дека секој ден размислува за сопствената кандидатура за премиер, како и за нов кандидат за претседател на сегашната влада.
„Тоа ќе биде некој поодговорен, се осмелувам да кажам пообразован, поенергичен и човек кој знае што е држава. Тој сигурно ќе биде пообразован од нивните двајца кандидати, ректорот Владан Ѓокиќ и кошаркарот Дејан Бодирога“, рече Вучиќ.
Српскиот претседател додаде дека на собирот што ќе се одржи на 27 јуни во Белград, ќе ја претстави листата на СНС за претстојните вонредни парламентарни избори, за кои рече дека ќе се одржат за неколку месеци.
Тој прецизира дека изборите нема да се одржат во јули и август.
„Избори ќе има за неколку месеци. Дали ќе бидат за три или четири, тоа е друго прашање, техничко прашање… Нема да има избори во јули или август, тоа е сигурно. А дали ќе бидат распишани е друго прашање, но нема да бидат во јули и август“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека на 27 јуни државата ќе излезе со план и програма, но исто така ќе се знае како ќе се вика листата на СНС пред најавените предвремени избори.
Додаде дека идејата е да се доведат деца на митингот на 27 јуни и да им се дозволи да си играат.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
