Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во Србија

Српскиот претседател изјави дека во Нови Сад има 64 повредени поддржувачи на СНС и додаде дека „нема да има милост за оние што тепаат и се закануваат“. Александар Вучиќ нагласи дека „нема да има граѓанска војна“ и повика на разговор.
Сепак, Вучиќ повторно не спомена никаков напад инициран од поддржувачи на СНС, кои синоќа пукаа со разни пиротехнички средства кон граѓаните кои протестираа пред простории на СНС во градови низ цела Србија.
На инсерти објавени на социјални мрежи и локални телевизии од Нови Сад, може да се видат маскирани мажи кои носат шипки како удираат граѓани.
Вучиќ рече дека се повредени 16 полицајци, од кои двајца потешко.
„Вечерва е тешка вечер за граѓаните на Србија…Доживеавме дека некои мислеа дека буквално можат да убиваат луѓе и дека ќе им биде дозволено да го сторат тоа. Нема да им биде дозволено, ќе бидат строго казнети, ќе бидат строго и силно санкционирани. Ќе ја спречиме секоја нивна желба да нè водат кон граѓански конфликти и да ја загрозат безбедноста и мирот на нашата земја“, рече Вучиќ на конференција одржана околу полноќ во седиштето на МВР во Белград.
„Шеесет и четири граѓани беа повредени во просториите на СНС во Нови Сад. Итна помош стигна до нив. Тие луѓе нема да се повлечат, тие се спротивставија на насилниците и блокадите“, рече тој.
Тој додаде дека „во Нови Сад имало 1.065 (демонстранти) и тие наизменично ги напаѓале предните и задните делови од зградата (просториите на СНС)“.
„Тие се организирале да тепаат и убиваат. Вечерва во Нови Сад имаше добро организиран напад“.
„Во Белград имало 3.084 луѓе на сите локации. На сите локации ја нападнале полицијата и граѓаните кои размислуваат поинаку“, рече Вучиќ.
Тој вети дека државата ќе „воспостави ред и мир“. Ги обвини демонстрантите дека „се организираат за тепање и убивање“ на политички неистомисленици.
„Не ни помисливме да ја извадиме војската и нема потреба. Нема да има граѓанска војна. Ги поканувам да седнат и да разговараат“, рече Вучиќ.
Во текот на изминатата вечер илјадници луѓе протестираа во градови низ Србија, вклучително и Белград, каде што полицијата употреби солзавец за да ги растера групите антивладини демонстранти.Засега нема извештаи за повредени демонстранти.
Протестите вчера беа организирани како одговор на инцидентите во вторникот вечерта во Врбас и во Бачка Паланка, од каде што инсерти покажуваат дека поддржувачите на владата и симпатизери на СНС фрлаа факели, камења и шишиња кон демонстрантите кои одговорија со разни предмети.
Во Врбас и Бачка Паланка маскирани мажи, некои вооружени со палки, се судрија со антикорупциските демонстранти пред седишта на владејачката партија СНС на претседателот Александар Вучиќ.
Протестите против корупцијата ја потресуваат Србија од 1 ноември 2024 година, кога се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад, и загинаа 16 луѓе.
МИА
Ново на Сител
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
-

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци
-

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година, се надевам дека 2026 година ќе биде понормална
-

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар
-

Горивата поскапуваат за половина денар
-

ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025, одлуки и за подготовка на повторените локални избори во четири општини
-

Мајка ја однела ќерката во „Пулс“, нејзиниот малолетен син се спасил бидејќи полицијата го избркала надвор
