Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува опозицијата да „организира големо насилство“ на собирот во Белград во сабота и дека „сите што ќе учествуваат во тоа ќе бидат уапсени“, и наведе дека апсењето на сторителите „ќе трае 15 минути, час или два, бидејќи државата ќе знае да се однесува како држава и тука нема никаква филозофија“.
– Знаат дека крајниот рок им е сабота и тоа го покачија на ден Д.
Ќе повикаме на мир, но јас ги познавам одлично, рече Вучиќ за време на посетата на манастирот Архангел Гаврил во селото Кусадак, на почетокот на обиколката на Јужнобанатскиот и Подунавскиот округ.
Како што пренсе Бета, тој рече дека верува оти студентите во блокада се „попаметни од овие несреќни опозиционери и знаат дека ова не смее да биде Ден Д“ и дека не треба да учествуваат во тоа, а подоцна да продолжат со своите акции додека не се исполнат нивните барања и да останат запаметени како победници, наместо по насилство.
Вучиќ нагласи дека „нема ништо од обоената револуција“ и дека книгата, како успеал да ја победи, ќе ја заврши во текот на летото бидејќи веќе ја има направено корицата и неколку страници, наведувајќи дека тоа ќе биде „форма на учебник без романтизам за да им служи на слободољубивите народи во светот“.
Зборувајќи за студентите кои сакаат да учат, рече дека 820 од нив ноќеска спиеле во шатори, што е голема бројка кога се спие на отворено, додека во текот на денот ги има уште повеќе, а тој број, рече, секојдневно се зголемува.
Коментирајќи го телевизиското покривање на протестите, тој ги повика граѓаните да не и веруваат ништо на Радио телевизија Србија, бидејќи, како што наведе, „речиси и нема разлика меѓу нив и Н1“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра