Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на својот говор пред Собранието, каде се одржa митинг под слоганот „Србија, едно семејство“, нагласи дека ова се неговите „последни денови и недели како претседател на Републиката“.
„За мене, ова е веројатно последен пат да ви се обратам како претседател на Републиката. Верно и служев на мојата земја 14 години. Ја сакам Србија повеќе од се друго на земјата. Никогаш не ме интересирале туѓите интереси. Не сакав да им служам на никого освен на граѓаните на Србија. Ова се моите последни денови и недели како претседател на Републиката. Ќе бидам претседател уште неколку недели, па ќе поднесам оставка“, рече Вучиќ на митингот на владејачката Српска напредна странка пред Домот на Народното собрание.
Тој во говорот додаде дека им подава рака на студентите.
„Студентите прво беа играчка во рацете на политичарите, потоа во рацете на другите. Ги молев да разговараат, сакаа да разговараат со сите, не сакаа да разговараат со својот претседател. Нема странец со кого претставниците на универзитетот не разговарале. Денеска ви подаваме рака и велиме – по илјадити пат ви се обраќаме. Ви простуваме сè што направивте, но не сме наивни и нема да заборавиме што ѝ беше направено на земјата во изминатата година… Ќе ја уништат нашата земја за една или три години, но не смееме да дозволиме“, потенцира Вучиќ.
Претседателот на Србија изјави дека неговиот предлог ќе биде листата со која ќе оди на избори да се вика „Обединета Србија“.
Тоа е најубавото мото што можеме да го имаме“, рече Вучиќ.
На собирот пред Народното собрание, тој им порача на граѓаните дека ќе слушнат нови план в понеделник и дека пензионерите ќе бидат многу задоволни од новите мерки.
Вучиќ истакна дека официјален Белград секогаш бил подготвен за разговори во врска со Косово.
Министерството за внатрешни работи на Србија објави дека на платото пред Домот на Народното собрание во Белград, на јавниот собир има околу 207.000 граѓани. Улиците околу Собранието во Белград се затворени за сообраќај од вчера.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Состанок со иранските претставници ќе се одржи утре во Доха
-

СП2026: Досега 4.64 милиони гледачи
-

Уапсен еден од најмоќните мафијашки шефови во Европа, Дон Мико
-

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило, од нив двајца малолетници
-

Погребот на Владо Јаневски ќе биде одржан во среда на Градските гробишта во Бутел
-

Од полноќ поевтин дизел, поскапување на бензинот
-

Казината и обложувалниците се селат на 500 метри од училиштата, усвоен Законот за игри на среќа
-

Подната фонтана на плоштадот се враќа во функција по повеќе од 10 години запуштеност
