Вучиќ: Приштина се обидува тивко да го заземе и окупира северот на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Пожаревац изјави дека од Косово доаѓаат дополнителни лоши вести, каде Албанците се обидуваат буквално и со поддршка на најголемите европски сили и на земјите од Квинта, тивко да го заземат и окупираат северот на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.
-Нивниот министер за внатрешни работи денеска соопшти дека целосно го контролираат езерото Газиводе, што би значело ново прекршување на Бриселскиот договор, според кој полицијата на север мора да припаѓа на Дирекцијата Север, односно да Србите мора да бидат таму, но тие навистина не се грижат за сето тоа, им се може.
И ако ги замолите луѓето во Брисел да не преземаат повеќе дејствија против српскиот народ, тие велат дека се е во ред, бидејќи решиле еден мал проблем, а потоа по старо работите се влошуваат како и обично, рече Вучиќ, и додаде дека повеќе нема да моли ниту еден од нив.
„Сега ги предупредувам и едните и другите да не го прават тоа повеќе, бидејќи српскиот народ повеќе нема да толерира насилство и непочитување на меѓународното право и меѓународните правни норми. Тоа е моето предупредување до оние кои утре ќе дојдат во Белград и до сите останати, нагласи тој.
-Ако можете да ги почитувате нормите што самите сте ги донеле – можете, ако не можете – има некој што ќе го стори тоа, порача Вучиќ. Косовската полиција денеска за прв пат почна редовно да патролира по административната линија со централна Србија, како и со езерото Газиводе, соопшти министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла. Свечла на Фејсбук изјави дека со ова за првпат по војната во 1999 година се воспоставува ваков вид на патролирање.
Тој рече дека косовската полиција почнала да патролира на административната линија, како и на целата област на езерото Газоводе „по формирањето на патролната единица на вода“.
Ново на Сител
-

Ја искршил влезната врата на објектот и студиото, ги пцуел и се обидел да ги нападне, обвинение за упадот во Инфомакс
-

Орбан: Прашањето за заемот за репарации е затворено, целата идеја е глупава
-

Крај на телевизиската ера на Оскарите - од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб
-

Се руши дивоградба во Инџиково, сопственикот не го почитувал законот
-

Денеска е Заслуг, а утре е големиот празник Свети Никола
-

Скопје утрово седми најзагаден град во светот, втор во Европа
-

Алиу-Сала: Постојат можности за продлабочување на соработката со Република Албанија во областа на здравството
-

Фон дер Лајен: Денеска мора да најдеме решение за финансирањето на Украина
