Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го потпиша Указот за распуштање на српскиот Парламент и одлуката за распишување вонредни парламентарни избори на 25 октомври.
Во Указот се наведува дека се распушта Собранието на Србија избрано на 17 декември 2023 година.
Тој ја донесе одлуката врз основа на образложениот предлог на Владата на Србија од 7 септември. Претседателот Вучиќ објави, зборувајќи од Претседателството на Србија, дека уредбата стапува на сила на денот на објавувањето во Службениот весник на Република Србија.
Во своето обраќање до граѓаните, Вучиќ рече дека одлуката за распишување избори ја донел „врз основа на виталните интереси на државата и граѓаните на Србија“.
„Да не беа ваквите тензии и политички несогласувања и конфликти, сигурно немаше да ни требаат избори, но секое одложување би го загрозило Експо и опстанокот на демократијата како најдобра форма на политички режим во нашата земја“, рече Вучиќ во обраќањето од Претседателството на Србија.
Премиерот Ѓуро Мацут предложи распуштање на Собранието на седницата на Владата на 7 септември, што Владата го прифати на седница. Тоа беше неопходна законска постапка, за да може Вучиќ да распише избори.
Од моментот кога Владата го прифати предлогот на Мацут за распуштање на Собранието, почна да тече рок од 72 часа, во кој претседателот на Републиката одлучува дали ќе го прифати образложениот предлог на Владата.
За да се одржат изборите на 25 октомври, како што претходно објави Вучиќ, тие мораа да бидат распишани најдоцна на 10 септември.
Тоа ќе бидaт 15-ти по ред од воведувањето на повеќепартискиот систем и 11-ти вонредни.
МИА
Ново на Сител
-

Одбраната на Васе Анакиев тврди дека тој не барал поткуп, обвинителството тврди дека поседува цврсти докази
-

WIK отвора нов погон во ТИРЗ Прилеп за поправка на кафе апаратите од цела Европа
-

Димитриеска-Кочоска: Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне
-

Тензично во советот на Кисела Вода
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
