Вучиќ: Рубио побара средба со мене, верувам дека е можно да се реши прашањето за царините

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека американскиот државен секретар Марк Рубио побарал средба со него за време на неговиот претстоен престој во Њујорк, каде што ќе присуствува на Генералното собрание на ОН, и дека верува оти е можно прашањето за американските царини да се реши, јавија српски медиуми.
„Добив порака дека американскиот државен секретар Марк Рубио побарал средба со мене, па еве можност да разговараме за тоа. И ќе се обидам да разговарам со (американскиот министер за финансии Скот) Бесант од Министерството за финансии, бидејќи овие санкции сега стануваат важни за нас“, рече тој како одговор на прашањата од новинарите по неговата посета на Јапонија.
Вучиќ истакна дека не може ни да каже какво ниво на инвестиции ќе има компанија од Јапонија во Србија ако се реши прашањето за царините.
„Затоа верувам дека е можно“, додаде тој.
Во Токио, Вучиќ имаше важни средби со бизнисмени од Јапонија, со оние кои досега инвестирале во Србија и кои планираат да инвестираат повеќе, и нагласи дека посетата на оваа земја била многу добра и плодна, како и дека очекува одлични резултати во иднина.
МИА
Ново на Сител
-

Четиригодишна стагнација на судскиот систем
-

УЈП бара над 10.000 граѓани кои работеле во странство да платат данок на доход, граѓаните револтирани, планират да ја напуштат државата
-

Од први февруари ќе се казнува ако возите над 57 км/ч
-

Нов Клинички на местото на ГОБ “8 Септември”?
-

30 ученици на долготрајно лекување, успешно го завршија првото полугодие онлајн
-

Преглед на вестите од светот
-

30 ученици кои се на подолго лекување, успешно го завршија првото полугодие со онлајн настава
-

Филипче: 2026-та ќе биде кризна година, со покачени цени, ниски плати и закочени евроинтеграции
