Вучиќ: Рубио побара средба со мене, верувам дека е можно да се реши прашањето за царините
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека американскиот државен секретар Марк Рубио побарал средба со него за време на неговиот претстоен престој во Њујорк, каде што ќе присуствува на Генералното собрание на ОН, и дека верува оти е можно прашањето за американските царини да се реши, јавија српски медиуми.
„Добив порака дека американскиот државен секретар Марк Рубио побарал средба со мене, па еве можност да разговараме за тоа. И ќе се обидам да разговарам со (американскиот министер за финансии Скот) Бесант од Министерството за финансии, бидејќи овие санкции сега стануваат важни за нас“, рече тој како одговор на прашањата од новинарите по неговата посета на Јапонија.
Вучиќ истакна дека не може ни да каже какво ниво на инвестиции ќе има компанија од Јапонија во Србија ако се реши прашањето за царините.
„Затоа верувам дека е можно“, додаде тој.
Во Токио, Вучиќ имаше важни средби со бизнисмени од Јапонија, со оние кои досега инвестирале во Србија и кои планираат да инвестираат повеќе, и нагласи дека посетата на оваа земја била многу добра и плодна, како и дека очекува одлични резултати во иднина.
МИА
Ново на Сител
-
Чудно е како во претпријатијата каде раководи ДУИ се распламтуваат пожари, вели Мицкоски за пожарот во Дрисла
-
Скадналот со прислушкувањето во фокус на опозициските прашања во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 25 партии на претстојните избори
-
Хотелите ги отвораат вратите за пензионерите
-
Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк