Вучиќ со порака од Одеса: Србија сака да обнови еден или два града или помал регион во Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса изјави дека Србија би сакала да обнови еден или два града или помал регион во Украина и со тоа да им обезбеди поддршка на граѓаните на таа држава.
„Би сакал да ја добијам вашата поддршка, претседателе Зеленски, за да избереме еден или два града или помал регион што можеме да го обновиме и мислам дека тоа би било нешто многу видливо за народот на Украина ако добијат јасна поддршка“, рече Вучиќ во своето обраќање на првата сесија на Самитот.
Тој додаде дека Азербејџан веќе направил нешто слично во Украина и дека тоа би било многу важно кога станува збор за хуманитарна помош и сите други прашања кои, како што истакна, вклучуваат политичка поддршка за територијалниот интегритет на Украина.
„Она што можам да го кажам во име на мојата земја е дека Србија ќе продолжи цврсто да се придржува до Повелбата на ООН и меѓународното јавно право, што вклучува заштита на територијалниот интегритет на земјите признати од ОН како најважен принцип. Ние секогаш сме се залагале за ова и, како што реков, ќе бидеме цврсти во таа позиција и мислам дека на некој начин тоа може да биде корисно и за Украина“, истакна Вучиќ.
„Подготвени сме да ве слушаме и да ве чуеме и да видиме како можеме да ви пружиме помош и поддршка. Ви благодарам уште еднаш што нè примивте и се надевам дека барем ќе можеме да придонесеме нешто за украинскиот народ без никакви големи слогани или нешто слично. Мислам дека вашиот народ навистина го заслужува тоа“, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-

УХМР: Утре попладне локално невреме со пороен дожд
-

Приведени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
-

Зеленски: Одржувањето избори за време на војна би било огромен ризик за Украина
-

Приведен странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
-

Баерн го освои Суперкупот на Германија
-

Мурињо за Винисиус: Тој не е светец, но она што му го прават е премногу
-

Приведен 58 годишник од Крушево, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и револвер
-

Најмалку 37 повредени во земјотрес што ја потресе централна Јапонија
