Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Ниш изјави дека повеќе не го интересираат никакви барања, дека тоа е „завршена приказна“ и дека „отсега па натаму, само народот ќе се слуша“.
Тој на митинг додаде дека е подготвен да им „подаде рака“ на своите политички противници и да ги покани повторно на разговор, за проблемите и разликите да се решаваат во институциите, а не на улица.
„Дојдоа кај мене, конечно станав компетентен, но нема повеќе барања, не ме интересираат вашите барања, приказната е завршена, рече Вучиќ на собирот во Ниш на Движењето за народот и државата „Не ја даваме Србија“.
Тој оцени дека студентите се „заведени од социјалните мрежи и нивните професори“.
„Да разговараме за да не се решаваат проблемите на улица, туку да ги решаваме проблемите и разликите во институциите. Нека се нервираат сите други околу нас, а ние да одиме напред како брз воз. Знам дека ќе одбијат, но ние повторно ќе подадеме рака, бидејќи знаеме дека Србија ни припаѓа на сите нас“, рече Вучиќ.
Според него, ќе има избори кога надлежните институции ќе донесат одлуки и е убеден дека неговите политички противници „ќе ги изгубат со многу поголема разлика отколку минатиот пат“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
