Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада

Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредна прес конференција.
„Постапката е следна, почнува со констатирање на оставката во Собрание, кога ќе биде констатирана, почнува рокот од 30 дена додека мора да се избере Влада, ако не се избере, се распишуваат избори. Претседателот на Републиката е должен да покрене постапка за избор на нова Влада, нема да избегнувам консултации, иако знам дека ќе добивам само навреди. Да разговараме дали да одиме на формирање Влада или на нови избори. Вучевиќ веќе почнал разговори со Дачиќ, рекол дека не е за избори. Ќе продолжиме со разговорите со другите“, рече Вучиќ.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска поднесе оставка и како што појасни, смета дека е објективно одговорен за нападот врз студентите што се случи синоќа во Нови Сад.
Ново на Сител
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
-

Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
