Вучиќ за утрешниот протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека државата ќе преземе мерки за обезбедување на протестот најавен за 15 март во Белград, но истакна дека целосната одговорност ќе биде на организаторите.
Вучиќ нагласи дека протестот не е пријавен кај надлежните институции и дека државата ќе помогне во неговото обезбедување, но предупреди дека секој што ќе се обиде да го наруши јавниот ред и мир ќе биде уапсен.
– Секој што ќе нападне демонстранти ќе биде уапсен, а истото ќе важи и за учесниците на протестот кои ќе нападнат други граѓани или институции, рече Вучиќ.
Тој ги повика безбедносните служби да не применуваат сила без неопходност и додаде дека сите лица кои, како што рече, „планирале насилно влегување во институции“, ќе бидат уапсени
Ново на Сител
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
