Македонија
25. April 2020 - 19:42

За 40% намален бројот на пациенти во Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид

За 40 проценти намален бројот на пациенти во охридскиот центар за кардиоваскуларни заболувања.Од здравствената институција  апелираат до  пациентите да не ги игнорираат тегобите и  да не се плашат дека ќе бидат ставени во ризик, бидејќи превземени се  сите мерки за максимална заштита во услови на пандемија. На влезот секому му се мери  телесна температура а потоа му се прави и епидемиолошка анкета,потврдување или исклучување на кардиолошка индикација за прием ,а од овие податоци понатака зависи патеката на движење на пациентот.

Направена е поделба за интензивно лекување во два просторно и функционално независни дела  за третман на пациенти  со различен степен на ризик  за КОВИД19. Досега имало само еден пациент позитивен на коронавирус кој бил третиран со тешка срцева слабост и истиот бил препратен во Битола на инфективното одделение.

Во центарот кој е втор по големина по скопскиот, се вршат околу 2000  интервенции годишно. Го покрива Југозападниот дел на Македонија, а доаѓаат пациенти и од Источна Македонија и Албанија