Македонија
29. January 2026 - 16:36

За 72 часа стартува „Safe City“ – МВР апелира граѓаните да ги ажурираат податоците

За 72 часа стартува „Сејф сити“ системот, новиот сообраќаен полицаец кој никогаш не спие. МВР е преплавено со барања, над 100 граѓани дневно ги ажурираат податоците. Секој возач е должен да остави точни податоци и доколку има измени да ги поднесе новите. Потребни се валидна е-меил адреса и телефонски број од возачот.

За возачите е важно да пристигне прекршочниот налог навреме бидејќи ако казната се плати во рок од 8 дена, ќе ги чини половина од износот. По истекот на рокот, системот ќе биде немилосрден, ќе се плаќа целосната сума или присилно. Граѓаните велат го испробале системот со помал прекршок и функционира. Оние чија работа е постојано да се зад воланот се особено загрижени од казните. 

Последните денови беа искористени за финално пеглање на софтверот. Се тестираше се од точната брзина на движење, па до валидноста на секоја регистарска табличка во реално време.

Ќе се казнува за брзо возење, истечена регистрација, минување на црвено како и непрописно запирање и паркирање. Цената на казните се движи од 15 па се до 500 евра. Министерот за внатрешни работи најави и полициски возила пресретнувачи, опремени со мобилни камери ќе патролираат низ цела држава.