За еден денар поевтинуваат дизел горивата

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,1 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 66,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 75, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 77 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,902 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,963 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,220 отсто, кај дизелот за 3,302, кај екстра лесното масло за 2,323 и кај мазутот за 4,403 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0096 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
