За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство

Народната банка информира дека продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата и користење на банкарските услуги на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Во рамките на активностите за обезбедување полесен пристап до средствата и непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, клиентите на Банката од денес, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.
Лимитот се применува збирно за сите сметки во Банката и ги опфаќа следниве канали: плаќање со картички во трговија или електронска трговија, повлекување готовина од банкомати, повлекување готовина на шалтер во експозитура, како и плаќања преку електронско и мобилно банкарство.
Од Народната банка, исто така, информираат дека од утре со работа ќе започне и експозитура на „АЛТА банка“ АД Битола во Скопје, поконкретно експозитурата во Трговскиот центар „Бисер“, на адресата бул. „Јане Сандански“ бр. 1/1. Со отворањето на оваа експозитура, клиентите на Банката од Скопје и околината ќе добијат полесен пристап до банкарските услуги, без потреба да патуваат во другите градови.
Продолжуваат со работа и експозитурите во Битола, Струмица и Тетово, каде што клиентите можат да ги користат услугите коишто им беа овозможени досега, односно подигање готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и останати потреби.
Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за постепено проширување на достапноста на банкарските услуги, со приоритет да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.
„АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи, а привремената администрација, како што нагласуваат од Народната банка, е заштитна мерка којашто се применува до разрешување на сопственичката состојба. Приоритет на Народната банка останува заштитата на интересите на клиентите и зачувувањето на стабилноста на Банката.
МИА
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
