За неполн месец пет починати од вирусот на грип
Петта жртва на грип оваа сезона. На Инфективна починал пациент поради компликации од вирусот, кој имал и тешка хронична болест. На Клиниката веќе регистрирале зголеменени гужви и во амбулантите и во болничкиот дел. Минатото деноноќие биле прегледани над 60 болни со различна клиничка слика.
-Од инфлуенца минатата недела е починат пациент кој имал тешка белодробна болест. Се следат тешки клинички слики на инфлунеца, како и на ковид. На одделот каде се хоспитализирани пациентите со ковид има 6 и тие се повозрасни пациенти со повеќе коморбидитети, вели д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиника за Инфективни болести.
Минатата недела според инзвештајот на ИЈЗ, двајца пациенти од грип починаа на Пулмологија кои имале хронични заболувања а на крајот на 2023 двајца болни ја изгубија битката со вирусот во штипската болница.
Освен гужви на Инфективна, многу болни деца има и во Клиниката Козле каде освен грипот доминира и респираторниот синцицијален вирус. Имаат над 200 прегледи дневно и 60 тина хоспитализирани.
-Деца до три годишна возраст и доенчиња, тие се најризични и најмногу бараат хоспитализација, вели д-р Ана Тасевска Рајковиќ, педијатар во Клиниката Козле.
Дали зголемениот број на пациенти и гужвите во амбулантите и болниците се алармантни или вообичаена состојба за овој период од годината, утре на пладне ќе дискутира и Комисијата за заразни болести. Ќе има ли препораки до населението ќе зависи од членовите на ова советодавно тело.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар