Македонија
13. November 2026 - 9:29

За само пет часа казнети 147 пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин

Во засилена сообраќајна контрола спроведена на 11 ноември низ целата држава, полицијата за само пет часа санкционирала 221 прекршок поврзан со однесувањето на пешаците и возачите кон нив.

Според Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број прекршоци, 147 се однесуваат на пешаци кои небезбедно го преминувале коловозот надвор од обележан пешачки премин, додека 25 возачи биле казнети затоа што не им дале првенство на пешаците на обележан пешачки премин.

За време на акцијата, која се одвивала од 8 до 13 часот, полицијата дополнително санкционирала и 179 возачи за други видови сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Министерството апелира до пешаците да ги користат обележаните пешачки премини, а до возачите да ја приспособат брзината и задолжително да им овозможат безбедно преминување на пешаците.

Од полицијата потсетуваат дека почитувањето на сообраќајните правила е заедничка одговорност на сите учесници во сообраќајот.