За седум месеци во Албанија престојувале над 7 милиони странски туристи

Албанија бележи зголемување на бројот на посетители, кој за седум месеци забележал раст од 6,5 отсто, споредено со истиот период минатата година.
Според податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ) во периодот јануари – јули, во Албанија влегле 7.014.168 странски државјани, или 6,5% повеќе отколку во истиот период минатата година.
Најголем број странски посетители влегле во јули или 1.955.099 што е зголемување од 7,1% во споредба со јули 2025 година, кога биле регистрирани 1.825.490 влезови.
Европа продолжува да биде главен извор на странски посетители. Во јули беа регистрирани 1.833.396 пристигнувања од европските земји, при што најголем дел доаѓа од Јужна Европа, со 1.178.557 пристигнувања.
По неа следуваат Централна и Источна Европа со 231.450, Западна Европа со 224.975 и Северна Европа со 132.728 туристи.
Податоците, исто така, покажуваат експанзија на туристичките пазари. Во јули, регистрирани се 67.928 пристигнувања од Америка, 16.723 од Источна Азија и Пацификот, 9.041 од Африка и 6.487 од Јужна Азија.
Според ИНСТАТ, 99% од пристигнувањата на странски државјани во текот на јули биле за лични цели, индикатор кој е зголемен за 7,3% во споредба со истиот месец во 2025 година. Во меѓувреме, пристигнувањата за деловни и професионални цели се намалиле за 8,9%.
Вкупно 2.826.615 албански и странски државјани влегле во Албанија во текот на јули, што е за 6,1% повеќе во однос на претходната година. Зголемувањето на бројот на странски посетители продолжува да биде еден од главните индикатори за перформансите на туристичката сезона во 2026 година.
Албанија минатата година забележа рекордна бројка, од над 12 милиони странски туристи. Во текот на 2024 година ја посетиле над 11,7 милиони странски туристи, со зголемување од 15,2 отсто во однос на 2023 година
Владата на Албанија е фокусирана на развојот на туристичкиот сектор, а како што вели премиерот Еди Рама, „во 2030 година Албанија ќе биде шампион на Балканот во туризмот”.
МИА
Ново на Сител
-

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари
-

Трамп ја нарече Канада една од „најлошите земји“ за преговори во услови на трговската војна
-

Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години
-

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании
-

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави
-

ЕК објави распоред на летното и зимското сметање на времето за следните пет години
-

Ужас во Прилеп: 48-годишник во повеќе наврати ја силувал малолетната поќерка
-

Рустемовски со бронза се враќа во Македонија, по израмнета борба остана без финале
