За секој освоен глас на парламентарните избори, политичките партии во Албанија ќе добијат по 94 лека

За секој освоен глас на парламентарните избори, спроведени на 11 мај, политичките партии во Албанија, ќе добијат по 94 лека (98 лека=1 евро).
Владејачката Социјалистичка и најголемата опозициска Демократска партија, ќе добијат најголеми износи, поради освоените гласови. Така, социјалистите ќе добијат 80.448.114 лека додека ДП 49.687.648 лека.
Двете партии веќе добија авансен фонд пред 11 мај, Социјалистичка партија 65.291.390, Демократска партија 44.818.545 лека па преостанатите ќе им бидат до исплатени.
Законот предвидува постизборна компензација за субјектите кои не добиле авансни плаќања, но го надминале прагот од 1% на изборите, што значи дека и новите партии нема да останат без пари.
Партијата „Можност“ ќе добие 4.601.488 лека, партијата „Албанија ќе ја биде“ 3.884.362, Движењето „Заедно“ 2.307.418, додека „Евроатлантска коалиција“ на поранешниот демократски лидер, Љуљзим Баша, 1.963.190 лека.
Парламентарните партии ќе имаат и други придобивки, при што партиските седишта ќе бидат платени од државниот буџет, додека формирањето на парламентарни групи ќе донесе дополнителни придобивки со персонал и канцеларии во општините.
МИА
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
