За возрасни има само 50 вакцини против Пертусис, ама сеуште чекаат во МАЛМЕД
По еднонеделна пауза, децата со примени три дози на ДиТеПер денеска се вратија во градинките. Предучилишните установи ги отворија вратите а пропусница беше комплетирана примовакцинација со услов во следниот период да продолжат со имунизацијата согласно задолжителниот календар. Така одлучија здравствените власти откако претходната рестриктивната мерка за целосна вакцинација ги испразни занималните, ги налути родителите но и покажа дека илјадници деца доцнат со првата ревакцина.
-Се уште е голем бројот на децата кои ја немаат примен оревакцината. Тоа се деца на 3, 4, 5, 6 години и утрово имавме поголеми гужви со такви деца кои беа за прва ревакцина. Помал е бројот на деца кои ја немаат третата доза на ДиТеПер, вели д-р Бети Гелејчевска Илкоска од вакцинален пункт во поликлиника Букурешт.
Првата ревакцина е на 18 месеци и многу ја имаат пролонгирано одложувајќи ја МРП. Но тоа може повторно да им биде пречка за градинка ако детето не ја прими во следните 6 месеци.
Денеска немаше нервози пред градинките и само мал број деца отсуствуваат.
-Тие што се вакцинирани одат, тие што не се вакцинирани треба да се вакцинираат, зашто ги загрозуваат тие што се редовно вакцинирани..ние уште пред месец дена даовме потврда дека е вакцинирана, велат граѓани.
А вакцините за возрасни за заштита од пертусис се уште не се достапни во центрите за јавно здравје. Ги има само 50 на број и во моментот подлежат на административните процедури во МАЛМЕД. Препорака е да бидат вакцинирани трудници во третиот триместар од бременоста за да го заштитат новороденчето кога ќе дојде на свет.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар