Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за продолжување на целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00 до 24 часот на територијата со која стопанисува јавното претпријатие.
Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, а ќе трае од 1 до 30 септември.
Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување - Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, како и за субјектите што вршат шумскостопански активности, шумски работи и заштита на шумите, и лица што имаат писмено одобрение за движење во шумите.
Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ - Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат.
За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“, кои вршат дејност заштита, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и МВР.
Од ЈП „Национални шуми“ укажуваат дека за движење во парк-шумите (на пр.: Водно) и националните паркови граѓаните да се информираат кај правните субјекти што управуваат со овие територии.
МИА
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
