Македонија
8. January 2023 - 16:43

Заедничката историска комисија со Бугарија пред тешки задачи - како ќе ја реши Охридската Архиепископија?

Мешовитата историска комисија пред нов предизвик во февруари кога треба за прв пат да се сретнат оваа година. Последниот состанок во ноември заврши со неуспех поради ставовите на бугарските историчари за Континуитетот на Охридската Архиепископија. Бугарските историчари инсистираа Охридската Архиепископија да биде претставена како континуитет на Бугарската патријаршија, по нејзиното укинување во 10 век. По ова следеа бурни реакции од македонските аналитичари но и од Црквата. Македонските владици јасно упатија порака дека државата мора јасно да ги отфрли сите обиди да се отвори било какво прашање поврзано со црквата. Силна порака за Божиќ во контекст на националните интереси испрати поглаварот на МПЦ ОА.

- Со доволни грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме: Татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци, кажа г.г Стефан Поглавар на МПЦ ОА.

Професорот Тодор Чепреганов вели овие обиди од бугарска страна се очекувани и се последица на договорот од Преспа и добрососедскиот договор за што експертската јавност многу пати предупредувала. 

Проблемот го гледа во самото прифаќање од македонска страна да се формира оваа комисија и да се отвара прашањето за заееднички чествувања и именувања на заеднички историски настани.

Инаку, и БПЦ следејќи ја осфицијалната политика на Софија во својот диптих наведе дека архиепископот Стефан треба да се споменува како „блажениот Стефан архиепископ на Северна Македонија“.