Заев и Филипче летале до Прилеп со хеликоптер, опозицијата обвинува, Владата вели дека имале набиена агенда
Ова видео на кое се слуша како премиерот се фали дека се возеле со хеликоптер на МВР до Прилеп со колегите министри, предизвика силни реакции од опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ го осудија ваквиот чин и прашуваат зошто во услови на пандемија тие летале а хеликоптерот ниту еднаш не бил искористен да се спаси нечиј живот.
Хеликоптерскиот прелет бил во рамки на задолжителното месечно исполнување на работни часови кои пилотите секако морале да ги направат велат од Владата. Владините функционери искористиле бидејќи е побрзо превозно средство бидејќи имале многу обврски. До Прилеп во хеликоптерот се превезуваа премиерот Заев, министрите Филипче и Шахпаска.
„Причината за користење на ова превозно средство е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето, со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски. Денешните летови се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата“, велат од Владата.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
