Македонија
30. September 2019 - 16:57

Заев знаел што ќе дообјаснува Верушевски оти му бил советник

Премиерот Зоран Заев го знаел предвреме второто сведочење на поранешниот прв разузнувач Зоран Верушевски во Тврдина бидејќи веднаш по неговиот исказ за видоизменетите снимки тој разговарал, како што рече, со неговиот советник за национална безбендност. Стои на ставот дека изјавата на Верушевски се однесува на бомбите на Ел Чека и злоупотребата на снимките во случајот „Рекет“.

Заев вели дека дополнителен аргумент дека не се работи за сечени, лепени, монтирани изјави како што тврдеше ВМРО-ДПМНЕ е тоа што ниту еден од обвиниетите во предметите на СЈО не ја спорел автентичноста на снимките, а форезниката го потврдила тоа.

Според него, добро е што во преговорите за новиот зкаон за обвинителство се обезбедува овие постпаките на СЈО да имаат иднина. Заев вели, подготовен, е за нова средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, доколку постои потреба за тоа.

Работните групи на власта и опозцијата веќе втора недела не се состануваат. Причината беше тоа што претставниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат различно толкување за тоа што се зборело на првата лидерска средба.