Македонија
10. January 2016 - 16:52
Загадувањето на воздухот и вирозите ги наполнија педијатриите со деца пацинети
Загадувањето и вирозите го зголемија бројот на болни деца и во дежурниот педијатриски пункт во Поликлиниката Јане Сандански. Кашлица, отежнато дишење и секрет во носот биле најчестите симптоми кај малите пациенти овој период. За една година откако функционира пунктот биле извршени над 6.400 прегледи. Повеќето деца биле третирани тука, а само покоплицираните случаи ги испраќале на Клиника или во болницата во Козле.
- Во овој период заради загадувањето позачестени се респираторните инфекции, најчесто горно-респираторни, додкеа децата најчесто доаѓаат со симптоми на кашлица, отежнато дишење и секрет од нос, изјави д-р Искра Мартиновска, педијатар во пунктот во Поликлиниката Јане Сандански.
Со слични симптоми за празниците биле повеќето возрасни граѓани кои побарале лекарска помош во дежурните служби при Здравствен дом Скопје. Дневно имале и над 150 прегледи. Најмногу работа имале пунктовите во Ѓорче и Ченто. Оваа установа бележи зголемен обем на работа и во текот на 2015 година
- Благодарение на тимската работа 2015 година ја заврши со еден милион здравствени услуги, од кои 500 илјади се во специјалистичката, секундардна здравствена заштита, која е филтер на терциерното здравство. Во 2014 година завршивме со 470 илјади услуги, а 2015 со 500 илјади, што значи 30 илјади повеќе здравствени услуги имаме на секундарно ниво со што сериозно ја растеретуваме терциерната здравствена заштита, изјави д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.
Според директорката на Здравствен дом Скопје, дури 90 проценти од пациентите биле третирани во поликлиниките, а само околу 10 отсто од болните биле препратени на скопските клиники, во ГОБ 8 септември или св. Наум Охридки.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
